Поврзете се со нас

Италија

Консеисао со мистериозна објава ги распламна шпекулациите за неговата иднина (Фото)

Објавено

на

Фото: x.com/juventusfcen

Франсиско Консеиосао изгледаше дека има изборено статус на стартер во Јувентус во првиот дел од сезоната и се чинеше дека клубот од Торино без размислување ќе ја активира неговата откупна клаузула, но како што се ближи крајот на сезоната, ова сценарио изгледа се понеоствариво.

КРилниот напаѓач не одигра ниту една минута против Рома на „Олимпико“ и остана неискористена замена на новиот тренер Игор Тудор, па во изминатите неколку часа, се појавија и силни шпекулации во врска со неговата иднина.

Дел од медиумите пренесоа дека клубот на крајот одлучил да не исплати 30 милиони евра за перманентен трансфер на Консеисао, па откако се појавија вакви гласини, доста внимание предизвика и самата реакција на фудбалерот.

Франсиско испрати мистериозна порака на социјалните мрежи, а контекстот на истата води кон тоа дека по се изгледа ги брои последните два месеци како член на Јувентус.

– Еден ден ќе дознаат….., – гласи мистериозната објава на Франсиско.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни