Поврзете се со нас

Свет

Еден потег на Депај предизвика бура и донесе промена на фудбалско правило во Бразил (Видео)

Објавено

на

Foto: Rodrigo Coca / Corinthians

Коринтијанс ја освои титулата во Паулиста шампионатот откако во големото финале беше подобар од Палмеираш, двобој кој беше решен по две одиграни пресметки.

Двата тима имаа своја шанса да бидат подобри на домашен терен, но на крајот како клучна се покажа победата на Коринтијанс на првиот меч кој го играше на гости (0:1).

Вториот натпревар кој се одигра на крајот на месец март заврши 0:0, а иако поминаа десет дена од истиот, бразилската фудбалска Конфедерација го актуелизираше истиот со одлуката која ја донесе.

Имено, Мемфис Депај во самата завршица од мечот застана на топката и со тој потег ги разбесни играчите на противничкиот тим, па после бурата која се создаде во јавноста, бразилската Конфедерација донесе одлука во иднина да се казнуваат ваквите потези.

Новото правило кое се воведува во Бразил гласи дека играчот кој застанува на топка ќе добие жолт картон, а истовремено топката ќе биде предадена на противничкиот тим.

Оваа одлука сосема очекувано не му се допадна на Депај, кој преку социјалните мрежи се огласи дека дошол во Бразил за да игра „Жога бонито“, а сега се соочува со епилог кој според него нема никаква логика.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни