Поврзете се со нас

Балкан

Барди намести гол за важна победа на Бодрумспор (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/Bodrumspor_AS

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди беше автор на важна асистенција за победа на Бодрумспор над Аланијаспор во првата лига на Турција.

Ова беше дуел на две екипи кои водат жестока борба за опстанок во елитата, а гостите се изборија за триумф од 1-0 и тоа со погодок во 81 минута.

Барди испрати фантастична топка по корнерот, топка која стигна до Али Ајтемир кој со глава ја смести во мрежата на домаќините за три супер важни бода.

Со оваа победа Бодрумспор е во безбедната зона со 33 поени, два повеќе од екипите кои се под цртата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни