Македонија
Пелистер со подобра завршница до важна победа над Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа важна победа на жешкиот терен кај ГРК Охрид во рамките на второто коло од плејофот во Суперлигата.
Клубот од Битола славеше во салата „Билјанини Извори“ со 26:23 и се врати на првото место на табелата. Домаќините дадоа се од себе за да дојдат до позитивен резултат, но отсуствата на Орјоникидзе и Мацуока, плус повредата на Јотиќ беа едноставно пресудни за да направи, добие нешто плус од ова соочување со бранителот на пехарот.
„Гладијаторите“ водеа со 4-1, но Пелистер се консолидираше, се врати во игра и на одмор се стекна со предност од 12:11. Беше неизвесно, борбено и во вториот дел, меѓутоа во завршницата битолчани беа на повисоко ниво и дојдоа до резултатот што го посакуваа.
Кузмановски со 12 гола беше најефикасен играч на средбата, Сафранко имаше седум реализации кај поразените.
-
Шпанија20 часа
Тензија во Валјадолид: Перез сакаше да се пресмета со соиграч на клупата за резерви (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за ремито со Сити: Бевме поблиску до постигнување гол
-
АТП21 час
Ѓоковиќ го објасни проблемот со окото и за тоа кој ќе му биде главна поддршка во Монте Карло
-
Македонија23 часа
Силекс на интересен начин го одбележа еврголот на Донов за победа: Од таму шутирај колку сакаш (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Мбапе со една кратка изјава јасно стави до знаење какво мислење има за Винисиус
-
Германија21 час
Директорот на Баерн за одлуката за Милер: Не спиев три дена…
-
Англија7 часа
Невил бара пет нови играчи за Аморим во стартната постава: Актуелните не се доволно добри
-
Италија10 часа
Гасперини ја направи најбизарната измена во својата кариера поради недоразбирање со помошникот