Поврзете се со нас

Шпанија

Тешко му падна поразот од Валенсија: Нервозниот Белингам го истурил бесот врз ВАР опремата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид доби најнепосакувана подготовка за првиот меч со Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампионите, па ѕвездите на Карло Анчелоти се најдоа во ситуација да го акумулираат бесот и да се обидат да извадат максимум во ситуација кога се како „ранети лавови“.

„Кралевите“ направија голем чекор назад во битката за титулата во Ла Лига откако изминатиов викенд загубија од Валенсија на домашен терен, а како што уверува угледните „Марка“, станува збор за пораз кој најтешко бил прифатен во соблекувалната на Реал.

Играчите се свесни дека сега имаат помали шанси во битката со Барселона, а од споделените видеа од трибините, сега се дозна дека убедливо најлут и најнервозен по крајот на мечот бил Џуд Белингам.

Натпреварувачкиот дух на Англичанецот е нешто што му дава сила на Реал во тешки моменти на натперварите, но во саботата ниту Џуд немаше решение за одличната одбрана на Валенсија предводена од неверојатниот Мамардашвили.

Револтиран од сето она што се случи во самата завршница (голот на Уго Дуро во 95-та минута), Белингам во прв момент размени дрес со еден од играчите на Валенсија, но на заминување кон соблекувална, својот бес го истурил врз ВАР опремата која е блиску до тунелот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни