Англија
Ван Дајк испрати нова порака за неговата иднина во Ливерпул: Го сакам клубот…

Вирџил Ван Дајк е еден од играчите, големите ѕвезди на Ливерпул кој останува без договор по крајот на тековната сезона и токму поради ова сите навивачи на „црвените“, па и фудбалската јавност со нетрпение очекува да се види како ќе се реши оваа ситуација, но и оние на Мохамед Салах и Трент Александер Арнолд.
Ако се суди по информациите на медиумите најблиску до заминување е бекот Александер Арнолд за кого вестите се дека веќе се има договорено со Реал Мадрид, додека пак за Ван Дајк и Салах засега нема информации дека се блиску до премин до нов тим.
Во однос на темата се огласи токму капитенот Ван Дајк кој обелодени дека има прогрес во разговорите со клубот што секако е важна вест за Ливерпул.
-Има напредок, да. Не знам дали ќе останам, ќе видиме. Слушајте, ова се внатрешни дискусии и ќе видиме. Го сакам клубот, ги сакам навивачите и тие повторно беа тука за нас и сакавме да ги наградиме. Но, сакам тие да бидат таму во недела повторно [против Вест Хем Јунајтед] и да го направат стадионот неверојатно место како и секогаш за нас, -порача Холанѓанецот кој од 2018 година е на „Енфилд Роуд“.
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)