Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го дозна првиот ривал во Монте Карло, губи од него во меѓусебните дуели!

Објавено

на

Фото:x.com/AustralianOpen

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ го дозна името на првиот ривал АТП Мастерсот во Монте Карло.

Ѓоковиќ кој беше слободен во првото коло, во втората рунда ќе се соочи со 27-годишниот Алехандро Табило од Чиле. Чилеанецот кој е на 32. место на АТП листата во денешната битка успеа да слави над ветеранот Станислас Вавринка со 2-1 во сетови.

Два ипол часа траеше оваа битка која на крајот помладиот ја доби со пресврт со 1:6, 7:5 и 7:5.

Ова за Табило беше прва победа на земја по мастерсот во Рим минатата година, поточно ја прекина серијата од осум порази на оваа подлога.

Интересно е тоа што Алехандро има позитивен учинок во дуелите со Ѓоковиќ, води со 1-0 со победата која ја оствари лани во Рим со 2-0 во сетови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни