Поврзете се со нас

НБА

Соиграчите од Денвер му уништија уште една монструозна партија на Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Никола Јокиќ игра се подобро како што се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната и стартот на плејофот, но реалноста е дека не добива доволна поддршка од соиграчите, кои ова утро му упропастија уште една историска партија на Србинот.

Ако пред неколку дена Нагетси загубија во ситуација кога Јокиќ постигна 61 поен, овојпат не беше доволен уште еден монструозен трипл-дабл на Никола, бидејќи Денвер го претрпе и четвртиот пораз во низа во НБА лигата.

Тимот на Мајк Мелоун влезе во ужасен ритам и чека решение само од трикратната МВП ѕвезда, која и покрај тоа што е на висина на задачата, сепак не може да направи се сам на теренот против Индијана Пејсерс.

Јокиќ овојпат уфрли 41 поен, 15 скокови и 13 асистенции, но неговиот Денвер загуби со 120:125 и изгледа се поизвесно дека ја губи битката со Лејкерс за третото место на Западот.

За да биде уште полошо, ова беше нова историска вечер која му беше упропастена во период од неполна седмица, бидејќи за Јокиќ ова беше 32-ри трипл-дабл во сезоната, нешто што досега го нема направено ниту еден центар во историјата.

До овој меч, Јокиќ беше израмнет со легендарниот Вилт Чембрлен, но од денеска е центарот со најмногу трипл-дабли во една натпреварувачка сезона.

НБА резултати:

Портланд – Сан Антонио 120:109
Кливленд – Сакраменто 113:120
Бостон – Вашингтон 124:90
Атланта – Јута 147:134
Њујорк – Феникс 112:98
Денвер – Индијана 120:125
Голден Стејт – Хјустон 96:106
Њу Орлеанс – Милвоки 107:111

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни