Поврзете се со нас

Свет

Ентони и Хауард ги предводат новите членови на Куќата на славни, повторно немаше место за Ивковиќ

Објавено

на

foto:x.com/usabasketball

Кошаркарската Куќа на славни од денеска има нови членови и тоа од генерацијата за 2025 година, во која се вклучени поранешни играчи во машка и женска конкуренција, кошаркарски работници и еден судија.

Кармело Ентони и Двајт Хауард се две НБА легенди кои влегуваат во престижното друштво и меѓу најдобрите во историјата на кошарката, а друштво им прават Маја Мур, Сју Брд и Силвија Фаулс како претставнички на женската кошаркарска сцена.

Во ова друштво ќе биде и тренерот Били Донован, судијата Дени Крофорд и еден од сопствениците на Мајами, Мики Арисон.

Тимски влез во Куќата на славни обезбеди американската олимписка репрезентација од 2008 година, во која настапуваа и Ентони и Хауард, исто како и ЛеБрон Џејмс и Крис Пол, двајца активни играчи кои веќе влегоа во престижното семејство уште пред да ја завршат кариерата.

Годинава е една од ретките во која во Спрингфилд не е обезбедено место за претставник на меѓународната кошаркарска сцена, па легендарниот српски тренер Дуда Ивковиќ како единствен финалист, повторно не доби се чини заслужено место во кошаркарската фамилија на големи имиња.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни