Поврзете се со нас

Германија

Директорот на Баерн за одлуката за Милер: Не спиев три дена…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен веќе потврди дека нема да му понуди нов договор на Томас Милер, а таа информација претходно му ја соопштил и на легендарниот напаѓач кој не посакуваше вакво сценарио.

Иако налути и голем број од своите фанови, германскиот великан го правда потегот со стратегијата за клупската иднина и подмладување на ростерот, а директорот Макс Еберл признава дека и нему не му било лесно да му ја пренесе информацијата на Милер.

– Ова е одлука за иднината на Баерн Минхен.

– Разбирам дека Томас беше лут по нашиот разговор, но и мене не ми беше сеедно. Не спиев три дена пред да му ја соопштам информацијата.

– Спортскиот сектор на клубот ја донесе одлуката, таа беше поддржана и од бордот, но и од сите други сектори затоа што Милер не е обичен фудбалер, туку клупска легенда, – рекол Еберл.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни