Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик откри до кој детаљ ги испитува играчите на Барселона: Внимаваме буквално на сѐ

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона оствари втора победа на „Метрополитано“ во краток временски интервал и го откажа Атлетико Мадрид од битката за титулата и во Копа дел Реј, триумф кој направи каталонскиот гигант сериозно да биде во игра за триплетата до крајот на сезона.

Лидер во Ла Лига си осигура финале во Севилја против Реал Мадрид во Копа дел Реј, но како тим кој има големи амбиции и во Лигата на шампиони, Ханси Флик се надева дека неговите играчи ќе успеа да минат уште две рунди.

– Секој си има свои соништа, имаме и ние. Сепак, одиме од натпревар на натпревар, а следен е оној против Бетис во домашното првенство. Лично, моја цел е да одиграме 15 натпревари до крајот на сезоната, а тоа ќе значи дека ќе играме и во големото финале во Лигата на шампиони, – изјави Германецот.

Педантниот и ригиден Германец открива дека пред секој тренинг води индивидуален и посебен разговор со секој играч на Барселона, со единствена цел да ја дознае неговата здравствена состојба, но и времето кое го минал во одмор.

– Внимаваме буквално на се, на секој детаљ. Секој ден ги испитуваме играчи и утврдуваме како се чувствуваат. Ги прашуваме дали имаат проблеми, дали спиеле добро, внимаваме на се.

– За играчите е многу важно како се хранат, што јадат и дали спијат добро. Сонот е многу важен, а кога владее ваква атмосфера во тимот, станува доста полесно. Победите ви носат самодоверба и сега тимот верува во себе. Нема ниту ронка страв во соблекувалната и сите веруваме во големи работи. Навистина ми се допаѓа целата атмосфера во тимот, – потенцира Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни