Македонија
Христов го засили својот тим со Шаќири и Милошевски: Го следиме развојот на младите фудбалери во цела држава

Поранешниот македонски репрезентативец, Ѓорѓи Христов, веќе три месеци извршува функција на технички директор за развој на младинските категории, позиција на која е назначен од новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија.
На денешната средба со новинарите, поранешниот напаѓач ги истакнал првите чекори кои ги повлекол како одговорен за следење на талентираните деца и случувањата во младинскиот фудбал, неговите најблиски соработници, како и првите впечатоци од ситуацијата на терените низ државата.
– Оваа функција носи голема одговорност, но и привилегија. Од првиот ден сум присутен на терен, заедно со колегите, постојано следејќи ги натпреварите и развојот на младите фудбалери ширум државата, – изјави Христов.
Во изминатиот период, воспоставена е стабилна структура со назначување на координатори по генерации.
Артим Шаќири и Сашо Милошевски се назначени како координатори за категориите од 2007 до 2012 година. Тие го следат секое дете, ќе бидат директна поддршка за селекторите и ќе обезбедат квалитетна анализа за секоја генерација. Новитет во системот е и воведувањето на видео анализа – област што досега воопшто не беше дел од младинските селекции. Ангажирани се поранешните репрезентативци Никола Глигоров и Филип Ивановски, кои ќе го подигнат нивото на подготовка и детална анализа на играта, – вели Христов.
Христов има свој став и за начинот на скаутирање и иднината на Детската лига.
– Имаме таленти тука, во Македонија – прекрасни деца, вредни, посветени. Затоа и нашата главна концентрација мора да биде тука. Но, тоа не значи дека нема да ги следиме децата со македонско потекло надвор од земјава. Напротив, сите што имаат квалитет и можат да направат разлика на натпреварите, се добредојдени. Единствениот критериум е квалитетот.
– Децата на таа возраст се како сунѓери – сè прифаќаат. Затоа, воведовме нови правила со цел тие да играат „фудбал по земја”, од „нога на нога”, да научат да ја изнесат топката организирано, а не сè да зависи од тоа дали голманот ќе центрира до другиот крај на теренот. Сакам да создаваме фудбалери кои размислуваат на теренот, – потенцира Христов.
На крајот, Христов ја нагласи важноста на поддршката од раководството на ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ:
– Познавајќи го претседателот на ФФМ, а го познавам повеќе од 25 години, знам дека децата во сите генерации ќе ги добијат сите потребни услови. Ако како член на Управен одбор во времето кога јас бев фудбалер во репрезентацијата се трудеше да ни обезбеди подобри услови тогаш, сигурен сум дека денес, како претседател, ќе даде сè од себе тоа да биде уште подобро. Не сака импровизации и знам дека секогаш се стреми да ги оствари целите. А, неговите цели се високи, верувајте.
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Шпанија4 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)