Поврзете се со нас

Англија

Кантона: Ретклиф го уништува Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Влегувањето на Џим Ретклиф како косопственик на Манчестер Јунајтед и преземањето на ингеренциите во најважниот спортски дел од раководењето на клубот, донесе сериозен оптимизам меѓу фановите кои очекуваат враќање на клубот на местото на кое беше пред повеќе години.

Но, барем засега Јунајтед е далеку од посакуваните резултати, не се прослави ниту со трансферите, а Ретклиф и неговите соработници донесоа многу одлуки со кои кратеа од трошоците на клубот, вклучувајќи го и намалувањето на бројот на вработени.

Клупската легенда Ерик Кантона смета дека британскиот милијардер има дополнителен негативен ефект на „Олд Трафорд“.

– Откако Ретклиф е во клубот, неговите директори се обидуваат да уништат се што остана и не почитуваат никого.

– Жал ми е што мора да го гледам Јунајтед во ваква состојба, но тие имаат некоја своја стратегија и проект. Навивам за Јунајтед бидејќи го сакам клубот, но сега да треба да бирам клуб за кој ќе навивам, сигурно нема да биде Манчестер Јунајтед, – рекол Французинот, потенцирајќи го незадоволството и од идејата за градење нов стадион на местото на актуелниот.

– Дури сакаат да го срушат и стадионот кој е легендарен. Според мене Арсенал загуби дел од душата кога го напушти „Хајбери“ и сигурен сум дека на многу фанови им недостасува тој стадион. Дали можете да замислите Ливерпул да игра на друг стадион кој не е „Енфилд“, тоа е невозможно, – вели Кантона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни