Лига на шампиони
Куман: Барселона не е главен фаворит за титулата во ЛШ

Барселона одигра нова брилијантна партија и буквално ја размонтира Борусија на „Монжуик“ со резултат 4:0, победа со која каталонскиот гигант е на еден чекор од полуфиналето во Лигата на шампиони.
Тимот на Ханси Флик продолжува да сонува за триплетата бидејќи е во самата завршница во сите три најважни натпреварувања, па во ситуација кога Барса прерасна и во главен фаворит за трофејот во Лигата на шампиони во проекциите на букмејкерите, со малку поинаков став од сите стандардни се јави Роналд Куман.
Холандската легенда вели дека Барселона не е главен фаворит за трофејот во најелитното натпреварување, бидејќи според него, исти и можеби подобри шанси за успех имаат ПСЖ и Арсенал.
– Барселона не е главен фаворит за титулата во Лигата на шампиони, има и други добри екипи кои играат на исклучително високо ниво. Тоа се ПЖС и оној Арсенал кој го гледав против Реал. Тие имаат квалитет да ја освојат Лигата на шампиони. Барселона е на тоа ниво, но не е главен фаворит.
– Резултатот против Дортмунд беше малку претеран. Исто така, Борусија не тим кој треба да се сфати сериозно оваа сезона. Тие се осми во Германија и не треба да се избрзува со заклучоци за Барселона, – вели Куман, кој сепак подели комплименти за работата на Ханси Флик.
– Флик го води тимот на најдобар можен начин, гледам тим на Барселона кој има добри шанси да освои важни работи. Тренерот е паметен, добро ги менаџира играчите и се чувствува дека има добра атмосфера. Барса треба да го искористи добриот моментум за да освои важни титули. Не треба да се прави споредба со тимот од пред една, или две години. Овие играчи имаат поголемо искуство, а играат и подобро како тим. Кога се бранат, се бранат сите 11 играчи, а не само осум или седум, – заврши Холанѓанецот.
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…
-
Италија11 часа
Катастрофална статистика: Милан е очаен во дуелите со топ 8 екипите во Италија