Лига Европа
Онана подготви одговор за бруталната прозивка од Матиќ: За разлика од некои други…. (Фото)

Андре Онана се погрижи за провокативна најава на четвртфиналето меѓу Лион и Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа, а откако доби жесток одговор од спротивната страна, голманот преписката ја продолжи и на социјалните мрежи.
Камерунскиот чувар на мрежата заклучи дека Јунајтед е многу подобар тим од Лион и побара од своите играчи лесно да ја одработат задачата утре на теренот, но бидејќи звучеше како да го омаловажува ривалот, неговата изјава наиде на осуда од Немања Матиќ.
Искусниот Србин го подбра Онана и го нарече еден од најлошите голмани во модерната историја на клубот од „Олд Трафорд“, а бидејќи неговото обраќање од пресот брзо стана доста популарно во јавноста, Онана реши да се дообјасни преку својот „Икс“ профил.
– Никогаш нема да покажам непочитување кон друг клуб. Знаеме дека утре не чека тежок натпревар против силен противник.
– Се фокусираме да имаме перформанси кои ќе ги направат горди нашите фанови. Ако ништо друго, јас освоив трофеи со најголемиот клуб во светот. Некои други не можат да го кажат тоа, – порача Онана, јасно алудирајќи на Матиќ кој не освои ниту еден трофеј во своите пет години на „Олд Трафорд“.
I would never be disrespectful to another club. We know that tomorrow will be a difficult game against a strong opponent.
We focus on preparing a performance to make our fans proud.
At least I’ve lifted trophies with the greatest club in the world. Some can’t say the same. pic.twitter.com/3easLRIz3d
— Andre Onana (@AndreyOnana) April 9, 2025
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Бордалас расплака играч на Хетафе, па порача: Ова е професионален фудбал