Поврзете се со нас

Атлетика

Промоција на спортските настани Охрид Ултра-Треил, Скардус Ултра и Ростуше Треил на турскиот Ефес Ултра Маратон

Објавено

на

Изминатиот викенд дел од организациските екипи на спортско-рекреативните настани Охрид Ултра-Треил (https://ohridultratrail.com/), Хај Скардус Ултра (https://highscardusultra.com/) и Ростуше Треил беа во посета, учество и промоција на еден од најпознатите настани во планинско трчање во Турција – Ефес Ултра Маратон.

Ефес Ултра – https://www.efesultra.org/en_gb/ е дводневен настан во планинско трчање кој еднаш годишно се одржува во околината на античкиот град Ефес и туристичките градови Кушадаси и Селџук. Истиот се состои од трки на различни дистанци од 6, 12, 27, 40, 60 и 120 километри кои привлекуваат повеќе од 2600 тркачи главно од Турција и регионот.

Тимовите на Ростуше Треил, Охрид Ултра-Треил и Хај Скардус Ултра со нивни штандови беа присутни на одлично организираниот саем (експо) во склоп на настанот и ги промовираа своите трки на Галичица, Шар Планина и Крчин, но и македонската култура, вкусна храна и гостопримливост пред бројната публика што циркулираше во текот на двата денови.

Покрај тоа секој од нашите настани имаше по еден претставник на различните трки каде Методи Чилиманов (Хај Скардус) трчаше на 27 километарската трка и успешно ја заврши зa 3:22:37, Игор Јовановски (Охрид Ултра) истрча 42 километри за 4:54:18, а Харис Беќири (Ростуше Треил) беше дел од трката на 62 километри заврши за 8:14:20.

Охрид Ултра-Треил оваа година по седми пат ќе се одржи од 23 до 25 мај, Хај Скардус кој традиционално се одржува на почеток на септември ќе има свое 4то издание на 6 септември, а првото издание на Ростуше Треил е веќе во финалните подготовки и очекуваме да биде објавено за ова лето.

Сите трки се отворени за сите спортисти и спортско-рекреативни ентузијасти кои сакаат да се пробаат и натпреваруваат во спортот планинско трчање, а истите меѓу другото ги промовираат и нашите природни, историски и туристички потенцијали во регионот и светот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни