Поврзете се со нас

Франција

Мбапе му објави „војна“ на ПСЖ, клубот возврати со жестоко соопштение

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Денеска во срцето на Париз се одржа прес конференција од страна на правните застапници на Килијан Мбапе, случување од кое дел била и мајката на фудаблерот со цел да ја потврди „војната“ која фудбалерот му ја објавува на ПСЖ.

Во недостиг на пронаоѓање заеднички јазик, правниот тим на Мбапе најави апсолутен атак со цел да се заштитат правата на напаѓачот, кој сега со граѓанска и кривична постапка ќе си ги бара своите 55 милиони евра, сума која верува дека не му била исплатена од Ал Келаифи и водечките луѓе на францускиот шампион.

Главната адвокатка од правниот тим на Мбапе денеска нагласи дека на фудбалерот не му преостанал друг начин да си ги добие средствата, па и покрај тоа што неговата љубов кон клубот останува недопрена, сега ќе си ги бара своите пари преку судска постапка.

Од тимот на Мбапе бараат вклучување и од страна на УЕФА со цел да му се даде уште поголемо значење на целиот процес, а истовремено бараат од Европската Федерација да му изреча суспензија на ПСЖ од играње во Лигата на шампиони поради неисплатени плати и бонуси на фудбалерот, кои според нив биле загарантирани со потпишаниот договор.

Ваквиот јавен атак кон „светците“ не остана непроследен од страна на клубот, па така ПСЖ се јави со жестоко соопштение и запраша зошто правниот тим на Мбапе не го однесе случајот на трудовиот суд во Франција.

– Откако денеска слушнавме уште една фантастична приказна од паралелен универзум, ПСЖ се уште не може да сфати зошто Килијан Мбапе не го однесе својот случај до Трудовиот суд, единствениот суд кој може да одлучува за спорот меѓу него и поранешниот клуб. Неговите адвокати тврдат дека тоа е така бидејќи тој не се водел за вработен, а тој беше вработен како и сите други. Тој мораше да ги почитува сите обврски кон работодавецот, без разлика што имаше невројатна предност и корист во сите изминати седум години.

– Сите процедури објавени од адвокатите на Мбапе само го одложуваат решавањето на спорот од страна на Судот за работни односи, пред кој ПСЖ веќе ги достави сите докази, факти и сведочења за постоење на договор за работен однос. И покрај се, клубот останува на својот став и подготвен е да постигне пријателско решение, нешто за кое отсекогаш се залагаме, без разлика на лошата волја од страна на играчот, – гласи соопштението на „светците“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни