Поврзете се со нас

Италија

Интер и „Најк“ изработија специјален дрес во чест на најголемиот фан – Валентино Роси (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Валентино Роси на 16-ти февруари наполни 46 години, а со цел на најдобар можен начин да се одбележи неговиот роденден, Интер и „Најк“ му приредија огромно изненадување.

Роси во текот на целата своја блескава кариера беше препознатлив по бројот 46, а како голем и познат интериста, сега ќе добие чест играчите од првиот тим да носат дрес кој е направен во негова чест.

Бидејќи бројот 46 е симбол за прославениот италијански мотоциклист, последниот роденден им послужи на Интер и „Најк“ како инспирација за едно специјално ремек-дело, а тоа е гостински дрес на кои има препознатливи симболи од „Докторот“.

Самиот Валентино не го криеше воодушевувањето од неколкумесечниот проект, од кој дел бил и тој при оформувањето на целосниот дизајн.

– Ќе биде голема чест тоа што играчите на мојот имилен тим ќе го носат овој дрес креиран од „Најк“ и Интер. Ова е остварување на сонот, ги споивме мојата страст за мотоциклизмот и мојот омилен тим. Ова исто така е доказ за двонасочната љубов меѓу мене и Интер, – изјави Роси.

Играчите на Интер премиерно ќе играат со овој дрес во сабота на натпреварот против Калјари кој се игра на „Џузепе Меаца“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни