Свет
Томовски си заминува од Потсдам, ќе има нов клуб во новата сезона!

Македонскиот интернационалец, Мартин Томовски ќе го напушти Потсдам по крајот на оваа сезона, објави бундеслигашот.
Томовски се пресели во сегашнава средина пред почетокот на тековната сезона и тоа од редовите на Вардар и во натпреварувачката 2024/2025 имаше квалитетни изданија, меѓутоа и тоа не успеа да го спречи падот на тимот, односно реалното испаќање од првата лига.
-Со Мартин беше јасно дека ни се приклучи само за првата лига која сега најверојатно ја напуштаме. Неговиот настап на последните натпревари покажува дека може да му даде повеќе на тимот, -истакна оперативецот на клубот Боб Хенинг.
-Морам да кажам, уживам во времето овде во Потсдам, иако ми требаше малку повеќе време да се пронајдам себеси. Се разбира, јас сум еден од најстарите и најискусните играчи во тимот, но морам да кажам дека има уште нешто ново да се научи и доживее. Запознав прекрасни луѓе, вистински професионалци и ќе направам се што можам за да уживам во последните неколку месеци во Потсдам. Иако ракометот е моја работа со полно работно време, морам да кажам дека понекогаш моментите, пријателството и искуствата се многу поважни, -порача пак Томовски за кого останува да видиме кој ќе биде новиот предизвик по оние во Вардар, Металург и Лудвигсхафен.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…