Поврзете се со нас

Свет

Двајца тинејџери го загубиле животот пред почетокот на дуел во Копа Либертадорес

Објавено

на

Фото: https://x.com/ColoColo

Натпреварот меѓу Коло Коло и Форталеза започнал, па бил прекинат откако полицијата потврдила дека две момчиња го загубиле животот во инцидент пред почетокот на средбата.

Полицијата имала тензичка пресметка со група домашни фанови во пресрет на дуелот на „Монументал“ стадионот во Сантијаго, а покрај големиот број повредени, било потврдено дека животот го загубиле машки лица на возраст од 13 и 18 години.

Првичните информации се дека заштитна ограда паднала врз момчињата и тие подоцна им подлегнале на повредите, а во инцидентот учествувал полициски автомобил.

Еден полицаец е веќе обвинет за овој случај, но истрагата допрва ќе утврдува што се случувало пред стадионот и како настрадале младите навивачи.

Натпреварот започнал во предвидениот термин, но откако домашните ултраси дознале што се случило пред стадионот, влетале на теренот и предизвикале принудно прекинување на истиот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни