Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик внимателен: Фудбалот е луд спорт, се случуваат чуда…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Составот на Барселона беше подобар од Борусија Дортмунд во „првото полувреме“ од двомечот со Борусија Дортмунд, победа од 4-0 која за многумина е доволна за каталонците да бидат сигурен полуфиналист во Лигата на шампионите.

Меѓутоа треба да се одигра и реваншот на „Сигнал Идуна Парк“ и германскиот стратег Ханси Флик не сака да види никакво опуштање од неговите избраници на кои јавно и нагласи дека работата се уште не е завршена.

-Не сме во полуфинале и тоа треба да им биде јасно на сите. Одлично е што дадовме четири гола, што одигравме добро, но не ми се допаѓа атмосферата како веќе да сме во полуфинале.

-Фудбалот е луд спорт, се имаат случено уште поголеми чуда. Затоа мора да бидеме сериозни и внимателни во реваншот, -порача јасно предводникот на каталонците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни