Конференциска лига
Чурлинов имаше обид за атракција во Севилја, Бетис ја оправда фаворитската улога (Видео)

Дарко Чурлинов ги одигра сите 90 минути на натпреварот кој го одигра Јагиелонија во Севилја, но неговиот тим сепак не успеа да избегне пораз на тешкото гостување во Шпанија против тимот кој игра во извонредна форма во последно време.
Бетис ја оправда фаворитската улога на „Бенито Вилјамарин“ и направи разлика со погодоците на Бакамбу и Родригес во првото полувреме, период во кој можевме да видиме и еден обид за атракцијата на македонскиот репрезентативец.
Чурлинов имаше обид за спектакуларен гол и успеа да изведе „ножички“, но неговиот удар заврши во добро поставениот Виетес на голот на Бетис.
Во вториот дел, гостите од Полска успеаја да го сочуваат својот гол и не дозволија потежок пораз, па сега ќе бркаат два гола негатива на реваншот кој се игра за седум дена.
На остнатите натпревари во Конференциската лига, Фиорентина славеше на гостувањето кај Целје со 1:2, Рапид како гостин беше подобар од Џургарден со 0:1, а во воведниот термин, Челси славеше со 0:3 на гостувањето кај Легија.
Обидот на Чурлинов погледнете го ТУКА
Головите на Бетис погледнете ги ТУКА
-
Италија20 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Италија17 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија21 час
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија22 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија18 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Англија20 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал
-
Шпанија16 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Шпанија19 часа
Тренерот на Мајорка му се поклони на еден играч на Барса: Се молев да застане…..