Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо шокиран од стајлингот на Јамал: Што е ова, ја носи блузата на мојата ќерка…. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ламин Јамал направи голема разлика на теренот и учествуваше во два гола на натпреварот против Борусија Дортмунд, а со погодокот во вториот дел стави точка на победата на каталонскиот гигант.

Барса славеше со 4:0 и направи сериозен исчекор кон полуфиналето во Лигата на шампиони, па додека јавноста на големо зборува за брилијантната игра која ја прикажаа избраниците на Ханси Флик, на социјалните мрежи вирален хит стана и едно видео.

Фудбалскиот квалитет на Јамал дефинитивно никој не може да го доведе во прашање, но Роналд Араухо јасно им стави до знаење на своите следбеници дека талентираниот фудбалер и тоа како треба да работи на својот вкус се облекување.

Дефанзивецот на Барса го прикажа ужасниот стајлинг со кој Јамал се појавил на „Монжуик“, а објавеното видео е проследено и со негов коментар.

– Ја носи блузата на мојата ќерка, ја носи блузата на Аитана….. Што е ова……., – порачува Араухо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни