Поврзете се со нас

Англија

Аморим застана во одбрана на Онана: Јас направив повеќе грешки од него

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успеа да направи пресврт на гостувањето кај Лион, но прими погодок во последната минута од средбата и се враќа со реми од Франција, резултат со кој ќе се подготвува за реваншот од четвртфиналето во Лига Европа.

Голманот Андре Онана повторно немаше своја вечер и имаше влијание врз двата гола постигнати од францускиот состав, а менаџерот Рубен Аморим по средбата застанал во негова одбрана.

– Ако гледате на цела сезона, последните натпревари и месеци јас направив повеќе грешки од Онана.

– Немам што да му кажам на Андре за да му помогнам, најважно е да биде природен и кога ќе дојде времето јас ќе ги изберам најдобрите единаесет на теренот. Но, имам голема доверба во него, – рекол Аморим.

Статистиката вели дека само во Премиер лигата, Онана од почетокот на претходната сезона има направено осум грешки кои воделе до гол за противникот, што е најмногу меѓу голманите во англиското првенство.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни