Одбојка
Стојанов: МВП признанието е посебно задоволство, но најважна цел е титулата во првенството

Давид Стојанов уште еднаш го потврди својот голем потенцијал на завршниот турнир во македонскиот одбојкарски Куп, каде беше предводник на освојувачот на трофејот, екипата на Штип УГД.
Македонскиот репрезентативец го освои МВП признанието на турнирот во Радовиш, а ќе има важна улога за својот тим и во завршницата на сезоната од првенството.
– Во финалето ќе играме ние и Струмица, не очекувам да има одолговлекување во полуфиналните серии. Финалето ќе започне на 25. април, подготвени сме и со нетрпение ги очекуваме тие натпревари. Полесно е да се игра во серија од повеќе дуели, наместо еден натпревар како финале, но титулата шампион е поважна од таа во Купот.
– Ја победивме Струмица два пати сезонава и ќе имаме предност на домашен терен во серијата, првиот и евентуално петтиот натпревар ќе се играат во Штип, па се надевам дека целата штипска јавност и сите љубители на одбојката ќе сакаат да дојдат и да го видат натпреварот, – вели Стојанов.
Освоениот Куп, како и трката за титулата во првенството беа доволен повод за гостувањето на Стојанов во студиото на Спортско радио 90,3, каде разговараше со колегата Сашо Кузмановски и ги откри своите очекувања за наредниот период.
Целиот разговор можете да го слушнете на следниот ЛИНК
-
Шпанија18 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА15 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА18 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони16 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија13 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Македонија14 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија16 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)