Поврзете се со нас

Шпанија

Дисциплинската комисија донесе одлука за барањето на Осасуна за службена победа против Барселона

Објавено

на

foto:x.com/InigoMartinez

Барселона ја победи Осасуна со убедливи 3:0, но противникот побара службена победа тврдејќи дека каталонскиот тим ги прекршил правилата со фактот што на овој натпревар настапил Ињиго Мартинез.

Составот од Памплона немаше замерки за случувањата на теренот и судењето, но по крајот на натпреварот отвори постапка со која побара проверка на фактите од дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација, која сега излезе со став дека нема основа за промена на постигнатиот резултат на натпреварот одигран на 27. март.

Средбата која претходно беше одложена поради ненадејната смрт на клупскиот доктор на Барса, се одигра неколку дена по последниот настап на Шпанија во мартовскиот прозорец на УЕФА, а Осасуна тврдеше дека Мартинез немал право на настап бидејќи само неколку дена подоцна ја напуштил репрезентацијата поради проблем со повреда.

Главната дилема беше дали Мартинез самиот побарал да го напушти репрезентативниот камп, што би било спорно со оглед на актуелните правила за неиграње натпревар пет дена по таков момент или пак како што утврдила федерацијата, со одлука на лекарскиот тим на „црвената фурија“.

Барселона сега може максимално да се концентрира на утрешното гостување кај Леганес, кое го дочекува со четири бодови предност во однос на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни