АТП
Беретини доби брутален поен во исцрпувачка размена и го шокираше Зверев во Монте Карло (Видео)

Матео Беретини полека го фаќа вистинскиот пат откако надмина голем број физички проблеми изминатите неколку години, па откако пред извесно време го победи Новак Ѓоковиќ, сега му зема мерка и на Александар Зверев.
Германецот вчера говореше дека планира да има добра турнеја на земјена подлога и дека ќе биде еден од главните фаворити на Ролан Гарос, но стартот во Монте Карло му донесе големо разочарување.
Иако го доби првиот сет против Беретини со 6:2, во продолжение наиде на многу посериозен отпор, па дури и беше надигран во одлучувачките моменти.
Италијанецот возврати со 6:3 и израмни на 1:1, додека во пресудните моменти како клучен се покажа поенот во кој има неверојатни 48 размени.
Импресивното тениско рели му припадна на Беретини, кој потоа направи брејк и отсервира за победа од 7:5 во третиот сет.
So engaging 🤯
A 48-shot rally in Berrettini vs Zverev!#RolexMonteCarloMasters pic.twitter.com/65evapiy7R
— Tennis TV (@TennisTV) April 8, 2025
-
Македонија5 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија18 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија17 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата