Македонија
ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.
Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.
–Ние сме убедени дека имплементацијата на ВАР системот ќе придонесе кон поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е важен чекор за нашата лига и со него не се обезбедува само поддршка на судиите, туку и создаваме услови за подобро функционирање и на клубовите, во насока на подобрување на постоечката инфраструктура на стадионите и барањата за поставување платформи за ТВ камери, согласно потребите за имплементација на ВАР, –вели Дејан Јакимовски кој е проектен лидер за имплементација на ВАР.
Во рамки на процесот, ФФМ проектниот тим одржува редовни работни сесии со ФИФА. Последниот се однесуваше на програмата за асистенција и одобрување на имплементацијата (IAAP) и споделување на најдобрите практики по однос на ВАР имплементации. Темите кои беа опфатени се однесуваа на технолошката инфраструктура и логистиката потребна за системот, обуката и развојот на судиите за работа со ВАР процесот на одобрување (лиценцирање) според глобалните стандарди на ФИФА.
Тоа значи дека веќе од следната натпреварувачка сезона, ВАР ќе биде дел од натпреварите во Првата МФЛ.
ФФМ останува посветена на унапредување на фудбалската инфраструктура и создавање услови за фер и еднаков третман на клубовите.
-
Свет23 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија21 час
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија20 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија21 час
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА18 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Италија23 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА9 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона