Поврзете се со нас

Македонија

Приведени две лица за нападот на Радески во Тетово

Објавено

на

Струга Трим Љум вчера ја победи Шкендија со 2-1 во првата средба од полуфиналето на Купот на Македонија, но овој резултат како на падна во сенка по настанот кој се случи по самиот натпревар.

Имено членот на македонскиот шампион, Марјан Радески бил нападнат од две лица кои потоа биле пријавени од страна на играчот по што МВР се впуштил во акција и приведени се две лица против кои ќе бидат поднесени соодветни пријави.

-На 09.04.2025 во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, -информираа од МВР.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни