Поврзете се со нас

Шпанија

Пике се расплакал пред судот во Шпанија: Никој нема да ми ја врати репутацијата (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Од 2022-ра година наваму, финалниот турнир во шпанскиот Суперкуп се игра во Саудиска Арабија, а бидејќи целиот процес околу добивањето на ексклузивното право за домаќин на турнирот донесе многу спорни ситуации, во Шпанија се уште се води судски процес во кој вклучен е и Жерард Пике.

Легендарниот стопер на Барселона преку својата компанија беше посредник меѓу шпанската Фудбалска Федерација и саудиската агенција СЕЛА која ги доби ексклузивните права за Суперкупот, па иако нема ниту еден вистински доказ дека дефанзивецот бил дел од коруптивна зделка, неговото име веќе трета година по ред се споменува во судовите во Шпанија во негативен контекст.

Целата приказна уште поголема ја прават шпанските медиуми кои успеваат предвреме да откриваат докази и доставени документи во судот, па тоа направило Пике целосно да се „сруши“ на последното сведочење од кое бил дел на 15-ти март.

Речиси еден месец по последното рочиште, шпанските медиуми го објавија аудиозаписот од обраќањето на Пике, кој за крај побарал да добие збор од судијата кој го води случајот.

– Целиот овој случај е многу фрустрирачки, се занимаваме со овој случај веќе три години. Искрено, верувам дека допринесовме многу за шпанската Федерација, го овозможивме најголемиот договор во нејзината историја. Го разбирам тоа што луѓето во Шпанија не гледаат баш добро кога е во прашање Саудиска Арабија, но јас не сакам да навлегувам во тоа.

– Се занимаваме со ова три години, не можете да замислите какво влијание има тоа што постојано се споменува моето име во нешто што не е вистинито. Не сакам да се фалам, но во било која друга земја ќе добиев споменик за благодарност, но не и тука. Изненанден сум што и денес, три години подоцна, се уште и се откриваат постапки од судењето на јавноста. Тоа го сметам за големо непочитување. Вчера предадовме разни документи, а денеска веќе беа во јавноста и така почнува хаосот. Ова ќе заврши еден ден, се надевам дека ќе заврши што поскоро, но никој нема да плати за штетата која ми е нанесена, никој нема да ми ја врати репутацијата, – низ солзи говорел Пике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни