Италија
Бове колабираше на „Артемио Франки“, играчите на Фиорентина и Интер плачеа на теренот (Видео)

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер беше најавуван како големо дерби во Серија А, па тоа што требаше да претставува фудбалски празник во Фиренца, по 15 минути игра се претвори за кошмар за сите на теренот и трибините.
Во моментите кога имаше ВАР проверка за еден поништен гол на Лаутаро Мартинез, следниот телевизиски кадар ни презентираше како Едоардо Бове со загубена свест лежи на теренот, по што следеше алармантна реакција од сите играчи кои беа околу него.
Фудбалерите на двата тима веднаш бараа брза асистенција од лекарите и се обидоа да помогнат во прв момент, по што заедно решија да оформат круг за да не се гледаат немилите сцени за време на лекарските интервенција.
Во овие моменти, дел од играчите на Интер и Фиорентина плачеа на теренот, а по неколку минути, Бове беше итно префрлен во болница со амбулантно возило, а натпреварот и официјално прекинат.
Официјалната информација е дека денеска нема да има фудбал на „Артемио Франки“, па допрва ќе се одлучува кога истиот ќе биде доигра.
Во овој момент, тоа навистина е во втор план, бидејќи цела Италија исчекува први вести за здравствената состојба на 22-годишниот Едоардо Бове.
Страшното видео погледнете го ТУКА
🚨🚨🚨 Suspendido el Fiorentina – Inter después de que Eduardo Bove haya empezado a convulsionar en el terreno de juego pic.twitter.com/Fkeyg0eNDE
— MARCA (@marca) December 1, 2024
-
Италија19 часа
Голот на Фратези во Минхен крие неверојатна коинциденција, информацијата ја сподели и Пандев (Фото)
-
Лига на шампиони24 часа
Бобан за изборот на УЕФА за играч на натпреварот Баерн-Интер: Не го разбираат фудбалот…
-
Лига на шампиони16 часа
Кејн ги предупредува Италијанците: Играчите на Интер се радуваа како да се пласираа во полуфинале
-
Лига на шампиони18 часа
Килијан остана вџашен од магијата на Рајс: Видео од уникатен агол ги открива сите реакции на Мбапе
-
Боречки спортови16 часа
Волкановски ќе се врати во УФЦ октагонот со специјални шорцеви на кои го има македонското знаме (Видео)
-
Лига Европа13 часа
Онана подготви одговор за бруталната прозивка од Матиќ: За разлика од некои други…. (Фото)
-
Лига Европа17 часа
Матиќ влезе во „војна“ со Онана: Треба да внимава што зборува како најлош голман во историјата на Јунајтед! (Видео)
-
Балкан23 часа
Канаваро доби „црвен картон“ од Динамо, Ристовски и Адеми добија нов тренер