Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус Жуниор се уште му должи 50 евра на соиграчот на Димитриевски

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Винисиус Жуниор нема најдобри настапи во последно време, не е константен и тоа секако е проблем за Реал Мадрид каде е еден од клучните играчи.

Бразилецот не се прослави на соочувањето со Арсенал, а претходно не реализираше пенал во дуелот со Валенсија кој „кралевите“ на крајот го загубија со 2-1 и дозволија Барселона да ја зголеми предноста на прволигашката табела.

Токму на тој дуел со „лилјаците“, напаѓачот имаше интересен облог со голманот Гиорги Мамардашвили, облог при изведувањето на ударот од 11 метри. Грузиецот го доби истиот затоа што го одбрани пеналот, меѓутоа Винисиус Жуниор не си остана на зборот и не му исплатил 50 евра.

Мамарадшвили откри каква порака му испратил на Винисиус: Ми должи 50 евра (Видео)

Мамардашвили ова го откри по средбата на „Бернабеу“, а дека ситуацијата се уште е иста и сега откри Уго Дуро.

-Мислам дека му нема платен0, -порачал Дуро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни