Лига на шампиони
Ковач: Јас сум оптимист, но и реален, Барселона е…

Барселона беше подобра од Борусија Дортмунд (4-0) и е на добар пат да обезбеди билет за полуфиналето на Лигата на шампионите.
Каталонците го совладаа актуелниот европски вицепрвак со погодоците на Левандовски (2), Рафиња и Јамал и со одличен резултат ќе го дочекаат реваншот на „Сигнал Идуна Парк“ кој е закажан за наредната седмица.
Во таборот на „милионерите“ се разочарани поради овој болен пораз, па иако спортски е да се надеваш до самиот крај самите се свесни дека шансите да продолжат во наредната фаза се минимални.
-Многу тежок пораз. Очекувавме повеќе и мора да бидеме фер и да кажеме дека Барселона е одличен тим. Ги искористија сите грешки и подароци што им ги дадовме. Многу е тешко да се браниш против нив, -вели тренерот Нико Ковач.
-Јас сум оптимист, но и реален. Има голема разлика. Нашите шанси се многу мали. Ќе се обидеме да одиграме добро и да го завршиме натпреварувањето на високо ниво. Имаме надеж затоа што без надеж, не можеме да продолжиме. Тоа е последното нешто што сакаме да го изгубиме. Треба да видиме што тргна наопаку и да ја поправиме играта. Сега ја имаме Бундеслигата, па потоа ќе се подготвуваме за Барселона, -додаде предводникот на бундеслигашот.
Дортмунд пред реваншот со четата на Флик го има дербито со Баерн Минхен.
-
Италија6 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија7 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан5 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Италија5 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Шпанија9 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!