НБА
Многу емоции: Дончиќ плачеше, па до врв го наполни кошот на Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати „дома“, а во првиот меч против „своите“ го наполни кошот на Далас Маверикс и му овозможи важна победа на Лос Анџелес Лејкерс од 112:97 на гостувањето во Тексас.
Словенецот пред неколку месеци беше принуден да го напушти Далас во седум години и тоа откако управата на клубот одлучи да се откаже од него, да го размени за Ентони Дејвис и уште неколку играчи на Лејкерс. Преселбата во Лос Анџелес не беше лесен потег за Дончиќ и најдобра потврда за тоа беа емоциите кои ги покажа при видеото пред самиот натпревар, при претставувањето на гостинскиот состав.
Емоциите излегоа, но Лука потоа се врати во ритам и испорача страшна партија од 45 поени, 8 скока, 6 асистенции и 4 украдени топки. Леброн додаде 27 кошеви со 7 скока, а двоцифрени беа уште Хачимура со 15 и Ривс со 11 кошеви за 49 сезонско славје на „езерџиите“ со што се на третата позиција на Западот.
Дејвис на другата страна запиша дабл-дабл од 13 поени и 11 скока.
Денвер Нагетс пак под водство на новиот тренер Аделман дојде до славје над Сакраменто Кингс од 124:116. Комплетната стартна петорка беше двоцифрена, Јокиќ имаше нов трипл-дабл од 20 поени, 12 скока и 11 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Бостон 96-76
Вашингтон – Филаделфија 103-122
Далас – ЛА Лејкерс 97-112
Торонто – Шарлот 126-96
Чикаго – Мајами 119-111
Јута – Портланд 133-126
Голден стејт – Сан Антонио 111-114
Феникс – Оклахома 112-125
Сакраменто 116-124
ЛА Клиперс – Хјустон 134-117
-
Шпанија15 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…