Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд ги стави Барселона и Арсенал во втор план и го избра својот фаворит за титулата во ЛШ

Објавено

на

Првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони полека почнаа да даваат изглед за тоа како можат да изгледаат полуфиналињата, а по одиграните средби, се чини дека Барселона, Арсенал и ПСЖ се најблиску до следната фаза.

Вчерашните триумфи на Барса и ПСЖ на домашен терен беа сосема очекуван исход со оглед досега прикажаното, но бидејќи многумина во овој момент го истакнуваат каталонскиот гигант како главен фаворит за трофејот, Рио Фердинанд излезе со став кој се разликува од останатите.

Легендата на Манчестер Јунајтед не падна во транс и по неверојатното издание кое го имаше Арсенал против Реал Мадрид, бидејќи верува дека ПСЖ е тимот кој треба да се победи во најелитното натпрварување оваа сезона.

Рио не штедеше комплименти за „светците“ откако успеаја да го елиминираат Ливерпул на „Енфилд Роуд“, но сега за него отскокнуваа како главни фаворити за трофејот по најновата претстава против Астон Вила (3:1).

– ПСЖ игра фудбал со голем авторитет, играат како да го освоиле ова натпреварување во неколку наврати. За мене сега тие се први фаворити за трофејот. Начинот на кој се справија со Ливерпул на двата натпревари, и сега овој против Астон Вила ме тераат да го мислам тоа.

– Целосно ја анулираа Астон Вила на теренот, за мене тие се први фаворити за највисок пласман. Овој тим на ПСЖ е поинаков од сите оние кои досега сме ги виделе од францускиот шампион. Низ годините имаа играчи кои можеа да сменат натпревар со еден потег, но сега поседуваат контрола и наметнуваат темпо на теренот, – анализира Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни