Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Ливерпул, Арсенал и Челси преживеа бомбашки напад во својот дом (Фото)

Објавено

на

Foto: instagram.com/benayoun15

Јуси Бенајун се уште е во свежо сеќавање на фановите кои редовно ги следеа случувањата во Премиер лигата, особено поради тоа што офанзивниот фудбалер ги бранеше боите и на великани како Ливерпул, Челси и Арсенал.

Израелецот беше препознатлив по своите продори и брзината и посебно добар впечаток остави на „Енфилд Роуд“, но сега го привлече вниманието на британската јавност и поради една незгода која во прв момент била окарактеризирана како можен терористички напад.

Имено, Бенајун и неговото семејство преживеале бомбашки напад во домот во близина на Тел Авив, откако во неделата била активирана експлозивна направа во дворот.

Според информациите, рачната бомба била фрлена од мотоциклист во движење, а покрај силната експлозија и предизвиканиот пожар, за среќа не долшо до поголема трагедија.

По првичните истражни мерки, Израелците сега го водат нападот како криминално дело, а не терористички напад, бидејќи се верува дека фудбалерот не бил главна мета на напаѓачот.

– Ова дефинитивно беше грешка, бомбата пристигнала на погрешна адреса. Сигурен сум дека бомбата не беше наменета за мојата куќа. Во прв момент помислив дека експлодираше плинска боца, но откако викнавме пожарникари, пристигна и полиција. Тие пронајдоа остатоци од бомба и тогаш сфативме што точно се случило, – открива самиот Бенајун.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни