Македонија
Стојанов пред најтешка мисија до крајот на сезоната: Да избори опстанок како четврти тренер на Брера Струмица

Брера Струмица оди со крупни чекори кон Втората лига по ужасните резултати кои ги има во вториот дел од сезоната, а сето тоа носи нови големи промени кај некогашна Академија Пандев.
Клубот од Струмица ова попладне информираше дека првиот тим го добива и четвртиот тренер од стартот на натпреварувачката кампања, па така Панче Стојанов ќе ја има најтешката задача, а тоа е да се избори опстанок.
По поразот од Вардар во домашното првенство, Тони Атанасов си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб, а денеска пристигна вест дека кормилото го презема неговиот помошник.
Стојанов беше асистент на Атанасов во оваа фаза од првенството, што всушност значи дека 49-годишниот фудбалски работник добро го познава ростерот и играчите со кои располага.
Панче ќе дебитира како самостоен тренер на Брера на натпревар против Вардар, оној во полуфиналето во Купот на Македонија.
Пред Тони Атанасов, оваа сезона тимот од Струмица го водеа и Круљ и Михаилов.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони