Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Џонсон по потегот на Денвер: Ова никогаш не сум го видел

Објавено

на

foto:x.com/MagicJohnson

Чудни работи се случуваат оваа сезона во НБА лигата, а последниот дојде од редовите на Денвер Нагетс кој на крајот на регуларниот дел од натпреварувачката 2024/2025 одлучи да се раздели со тренерот Мајк Мелоун, стратегот кој му донесе историски успех и пехар на составот од Колорадо.

Нагетс се ослободија и од генералниот менаџер Калвин Бут, поточно се решија за една чистка во ситуација кога тимот има позитивен учинок и е пред настап во плејофот, разигрувањето за пехарот.

Овој потег како и некои претходни на клубовите на Западот го шокираа легендарниот Ирвинг Меџик Џонсон кој се огласи на социјалните мрежи.

-Јас сум дел од НБА семејството 45 години и ваква сезона никогаш не сум видел. Прво, две супер ѕвезди се разменети на средина на сезоната Лука Дончиќ и Ентони Дејвис, сега пак двајца тренери Мајкл Мелоун од Денвер Нагетс и Тејлор Џенкинс од Мемфис Гризлис се отпуштени на крајот на регуларниот дел, а нивните тимови имаат обезбедено место во плејофот, -напиша иконата на Лос Анџелес Лејкерс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни