Поврзете се со нас

Италија

Легендарниот Роналдињо го избра својот омилен играч од Милан: Тој е еден од ретките кои уживам да ги гледам

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Милан никако да се стабилизира оваа сезона и турбулентниот период продолжи и под водство на Сержо Консеисао, па водечките луѓе во клубот веќе работат и на проект во кој Португалецот не е дел од плановите.

„Росонерите“ по се изгледа ќе се разделат со човекот кој го наследи Фонсека и за очекување е да има поголеми промени и во играчкиот кадар, а еден од оние кои можат да бидат продадени е и Рафаел Леао.

Иако важи за играч со највисока плата во актуелниот тим на Милан, Португалецот оваа сезона често е преселуван на клупата за резерви, но и покрај тоа што неговата форма е во надолна линија, легендарниот Роналдињо вели дека тој е играчот кој знае да му привлече внимание.

Бразилецот доби прашање за крилниот напаѓач кој се наоѓа под жесток притисок во Италија, односно беше побарано од Роналдињо да му испрати совет во период кога веќе не е недопирлив во тимот.

– Не му е потребен мој совет на Леао. Тој е фантастичен играч и еден од ретките кои уживам да ги гледам. Тој е еден од играчите кои најмногу сакам да ги гледам на фудбалскиот терен.

– Има повеќе добри млади играчи во Милан, мислам дека овој тим може да направи одлични работи следната сезона, – вели Роналдињо во кратиот разговор за „Скај Италија“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни