Англија
Хорор на „Кинг Пауер“: Ван Нистелрој постави засрамувачки рекорд во Премиер лигата (Фото)

Руд Ван Нистелрој пристигна како спасител за Лестер во ситуација кога го наследи Стив Купер на крајот на месец ноември минатата година, но она што се случува во изминатите пет месеци дефинитивно не е добра препорака за неговата следна работа како фудбалски стручњак.
Легендарниот голгетер во еден момент беше и опција за менаџерската функција на „Олд Трафорд“, но откако стана јасно дека нема место за него и како помошник на Рубен Аморим, Холанѓанецот ја прифати првата друга понуда од Премиер лигата.
Руд го презема Лестер со цел да му осигура опстанок во англиската елита, но четири месеци подоцна, „лисиците“ се речиси со две нозе во Втората лига.
Лестер вчера загуби од Њукасл со 0:3 и тоа беше осми натпревар во низа на кој не освои ниту еден бод, статистика со која се постави анти-рекорд во англиската елита и истиот ќе му биде препишан на Ван Нистелрој.
Не само што не оствари ниту една победа, Лестер не постигна ниту еден гол на споменатите осум меча на „Кинг Пауер“, па тоа е убедливо најлошиот податок за еден домаќин од постоењето на англиската Прва лига.
Ако се гледаат севкупните резултати, Лестер исто така претрпе осум порази на последните осум натпревари во Премиер лигата, а последниот гол го постигна во месец јануари во триумфот над Тотенхем со резултат 1:2.
На седум кола пред крајот, Лестер како 19-топласиран има 15 бодови помалку од Вулверхемптон кој е во сигурната зона, па нема да биде изненадување ако Руд заработи и отказ во наредните неколку дена.
Leicester became the first side in Football League history to lose EIGHT home games in a row without scoring 🤯 pic.twitter.com/xOo2NMkB8H
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 7, 2025
Since beating Tottenham in January, Ruud van Nistelrooy’s Leicester haven’t scored a single Premier League goal 😳 pic.twitter.com/gmEjp1rIBc
— ESPN UK (@ESPNUK) April 7, 2025
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија4 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата