Шпанија
Тер Штеген откри дека немал идеален однос со Меси: Имавме свои моменти…….

Марк Андре Тер Штеген е во завршна фаза од процесот на рехабилитација и постојат шанси да се врати во тимот на Барселона до крајот на сезоната, но во период кога се уште има доста слободно време, германскиот чувар на мрежата направи едно интервју во родната земја, кое дефинитивно привлече големо внимание поради искрените одговори.
Во разговорот со „Билд“, Тер Штеген се отвори за својот променлив однос кој го имал со Лео Меси, фудбалер кој неизмерно го цени, но со кој признава дека имал свои подеми и падови кога е во прашање нивната колегијална врска.
– Сакате да ви ги кажам добрите, или лошите моменти? Имавме од се по нешто……., – вели Тер Штеген и додава.
– Лео има специјален карактер, тој знае да се мотивира од работи кои ние другите не ги гледаме. Имаше моменти кога работите не беа најдобри меѓу мене и него. Тој беше лут на мене, а јас бев лут на него. Меси е единствениот фудбалер кој ако сака да ве погоди со топка во лице, на крајот ќе го направи тоа. Со мене го правеше тоа во повеќе наврати.
– Други играчи ќе ја промашат метата, но Меси не го прави тоа. Повеќе пати го искусив тоа, но никогаш не сме имале поголема караница. Имавме свои чудни моменти, но тоа е сосема во ред. Искусив на тренинзите како е кога ќе го налутите, па затоа најдобра вест беше што најчесто бев на негова страна на теренот.
– Долго бевме заедно во соблекувалната и беше интересно да се биде дел од тоа, беше интересно да се гледа како го води тимот. Без разлика дали е мој стил, или не, сепак беше интересно да се гледа одблиску. Лео не е премногу гласен и нема потреба да кажува премногу. Сепак, кога нешто има да каже, сите слушаат. Тоа мислам дека е најважно. Кога капитенот зборува како лидер, останатите треба да слушаат, а ние го правевме тоа, – открива Тер Штеген.
-
Италија18 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Италија15 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија19 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија20 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија16 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Англија18 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал
-
Шпанија14 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Шпанија17 часа
Тренерот на Мајорка му се поклони на еден играч на Барса: Се молев да застане…..