Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Емери по поразот од ПСЖ: Исто е дали е 2:1 или 3:1

Објавено

на

foto: x.com/AVFCOfficial

Астон Вила претрпе пораз од Пари Сен Жермен од 3-1 во првиот натпревар од чтвертфиналната рунда во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот водеше на „Паркот на принцовите“, потоа до 92 минута имаше само еден гол негатива за да на крајот прими гол што го прави реваншот далеку потежок, но со тоа не се согласува тренерот Унаи Емери кој даде интересна изјава.

-Ништо не се менува, затоа што и да беше 2:1 ќе требаше да победиме, а и кога е 3:1 е истата ситуација, -истакна Емери и додаде:

-Тука сме и уживаме. Горд сум на играчите и на Астон Вила како клуб, се боревме фантастично. Сè уште верувам дека можеме да победиме на „Вила Парк“ и се надевам дека ќе бидеме посилни и подобри во дуелите. ПСЖ е фаворит, тие ги покажаа своите квалитети. Нашата одбрана мора да биде компактна и дисциплинирана.

-Резултатот не е најдобар, но не е ниту најлош. Има уште 90 минути, а можеби и продолженија. Горди сме на сите поддржувачи на Астон Вила. „Го имаме принцот Вилијам, навивачи од 1982 година, млади навивачи… Со сите нив ќе се обидеме да направиме посебна вечер на Вила Парк, да создадеме атмосфера и да играме подобро, -заклучи Шпанецот.

Реваншот е закажан за 15 април од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни