Поврзете се со нас

Свет

Циндриќ му возврати на Червар: Поради него и Металург пола година не играв ракомет

Објавено

на

Во хрватската јавност и понатаму траат анализите за настапот на Светското првенство во Египет каде популарните „каубои“ не се прославија и не успеаа да дојдат до нокаут фаза, до она најважното тоа е борбата за медали.

Целиот овој период донесе и „мала војна“ меѓу Лука Циндриќ и досегашниот селектор Лино Червар, препирка која и понатаму трае. Бекот прво истакна дека Червар знаел дека е повренен, ама и покрај тоа го вклучил за настапот на мундијалот кој Лука не го заврши затоа што ја обнови повредата на препоните.

Циндриќ: Јас го предупредив Червар, ама тој ме вклучи во составот

Потоа стратегот порача дека Циндриќ не бил никогаш тука за него иако тој го открил и му помогнал да се развие и стане тоа што е денеска.

Червар: Јас го открив Циндриќ и го внесов во ракометот, а тој никогаш не беше…..

Ова беше доволна провокација за асот на Барселона одново да одговори иако самиот признава дека не сака да води ваква дебата, расправа преку медиумите.

-Не би сакал да ја коментирам изјавата на Червар, не сакам преку медиумите да се препукуваме, човекот има свое мислење, а јас би го задржал своето за себе.

-Па, секако дека тој влијаеше врз мојата кариерата, ми озвозможи да дојдам во Металург и да го почувствувам тој ракомет, но јас ги чекав моите пет минути. А, Лино не спомна дека поради него и Металург не играв половина година и дека бев на суд половина година. Под знак прашалник беше дали ќе ја продолжам кариерата.

-Најтежок период во кариерата ми беше кога бев на суд со Металург, зашто не сакаа да ми дадат исписница. Тогаш владееше лоша атмосфера. Клубот се распаѓаше, платите не ги добивавме по четири, пет месеци… Сите сакаа да добијат дозвола да заминат, а јас единствен не добив и искрено не знам од која причина, беше стресе период, но и добра лекција за мене.

-Цела полусезона не играв и чекав судот да пресуди во моја корист. Не земав плата шест месеци, а во договорот добро стоеше дека доколку нема плата два месеци можам да заминам. Не ми беше јасно која беше причината што така се однесуваа кон мене, -заклучи човекот кој беше еден од најзаслужните за првата европска титула на Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни