Поврзете се со нас

Светски првенства

Червар: Јас го открив Циндриќ и го внесов во ракометот, а тој никогаш не беше…..

Објавено

на

Лино Червар најави дека се повлекува од селекторската функција во Хрватска уште по поразот од Аргентина и стои до тој став и откако „каубоите“ го завршија својот настап на Светското првенство, потенцирајќи дека во моментов има здравствени проблеми на кои ќе се посвети и ќе се обиде да ги реши во поскоро време.

Искусниот ракометен стручњак кој има 70 години вели дека имал проблем со дискусот уште од стартот на подготовките и сега ќе се насочи на рехабилитација, откако во изминатите 30-тина дена примил повеќе од 30 инјекции за ублажување на болките.

– Од стартот на припремите, примив повеќе од 30 инјекции. Дисковите во грбот ми се малку помрднати, можеби станува збор и за нерви и ќе видам што ќе правам со тоа. Ќе се посветам на тоа. Да видам дали ќе одам на операција, или ќе може со рехабилитација, – вели Лино во интервјуто за „24 сата“, во кое се огласи и за изјавата на Лука Циндриќ кој „инциректно“ го обвини селекторот за неговата нова повреда на стартот на мундијалот.

– Не беше пресудна мојата одлука да го играм против Јапонија, колку и да сакате да зборувате за тоа. Го почитувам Циндриќ, јас го открив кога никој не знаеше за него и го донесов во Металург. Којзнае каде ќе беше сега да не беше така, дали ќе беше во Барселона, или ќе беше уште во Огулин. Сепал, кога тој ви е потребен, едноставно го нема. Се повреди во 2019-та година, па минатата година повторно, сега и трет пат на големо натпреварување. Кога трениравме и кога и да го прашав за неговата состојба, често ми велеше дека му треба уште половина час, уште 20 минути, уште 10, па уште 5 и се така по ред, – возвраќа Червар кој предложува дека најдобар избор за селектор ќе биде домашен, хрватски тренер.

– Можам да дадам предлог, но таа одлука не ја носам јас. Не треба да се гледаат симпатии при изборот на нов селектор, прв интерес треба да биде ракометот. Вујовиќ? Го почитувам, тој има специфичен пристап, но јас во оваа ситуација би им дал поддршка на нашите тренери. Мора да се насочиме на тренерите во Хрватска, на играчите кои играат тука, – завршува Червар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни