Италија
Ниту Фелипе Мело не му остана должен на Кјелини: Секогаш бил кукавица, но знам зошто ми се лути
Капитенот на Јувентус им посвети навистина непријатни зборови на Марио Балотели и Фелипе Мело, со тоа што за Бразилецот нагласи дека е „најлош меѓу најлошите“. Веќе видовме дека Балотели жестоко му одговори на некогашниот соиграч од селекцијата, а должен не остана ниту Фелипе Мело кој смета дека знае од каде произлегува оваа болка на стоперот.
– Навистина би сакал да знам на кои епизоди се однесува. Во секој случај, јас немам проблем да му одговорам на овој „дефанзивец“. Кога бев во Торино, не покажав непочитување кон никого, ниту кон соиграчите, ниту кон водечките луѓе, ниту кон Јувентус.
– Вели дека Балотели требал да добие шлаканици, а јас сум бил најлош меѓу најлошите и дека сум предизвикувал тепачки околу мене. Тој секогаш бил кукавица која се крие, лесно е да се пишува за други во книга, но мислам дека овој „дефанзивец“ е лут на мене бидејќи кога отидов во Галатасарај, го преслушавме неговиот Јувентус. Исто така, не може да преболи што Интер освои се, а јас сум „интериста“.
– Секогаш се однесува како да е најголем во светот. Исто така се сеќавам дека со Бразил ја победивме Италија со 3:0 на Купот на Конфедерации во 2009-та година. Најверојатно е лут поради сето тоа, нема освоено ништо на интернационално ниво, – завршува Мело во обраќањето за „Газета“.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)