Поврзете се со нас

Италија

Кјелини ги посочи најлошите личности меѓу фудбалерите: Балотели е негативна личност, а има полош и од него

Објавено

на

Легендарниот фудбалер на Јувентус, Џорџо Кјелини во својата автобиографија се осврна и на најлошите фудбалери со кои играл.

Кјелини ги нападна контроверзните Марио Балотели и Фелипе Мело посочувајќи дека не покажуваат ни малку почит кон играта и кон противникот.

– Навистина бев разочаран од двајца играчи и можам да потврдам дека се што напишав во книгата е вистина. Балотели е негативна личност со никаква почит кон останатите. За време на Купот на Конфедерации против Бразил во 2013 година, тој не пружи рака за помош за ниту една ситуација и нависитна заслужи шлаканица.

– Некои луѓе мислат дека тој беше меѓу најдобрите пет напаѓачи во светот, но јас никогаш не го гледав ни во првите 10 или 20 најдобри светски напаѓачи, -јасен беше Кјелини во интервјуто за „Ла Република“.

Потоа фудбалерот на Јувентус потврди дека има и полош од Балотели, а тоа е Бразиелцот, Фелипе Мело.

– Како и да е, има некој кој е полош од Балотели, а тоа е Фелипе Мело. Најлошиот меѓу најлошите.

-Не можам да ги сакам луѓето кои немаат почит, оние кои сакаат да бидат противречни. Ако тој е околу тебе, речиси сигурно работата ќе прерасне во тепачка. Им го кажав тоа и на директорите, Мело беше „лошо јаболко“, -заклучи Кјелни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни