Италија
Балотели жестоко му одговори на Кјелини: Не си вистински маж, ти чуден капитену! (Фото)
Џорџо Кјелини презентираше дел од својата автобиографија во ексклузивното интервју кое го направи за „Ла Република“, а истото експресно предизвика бура од реакции бидејќи капитенот на Јувентус жестоко ги омаловажува Марио Балотели и Фелипе Мело.
Кјелини го именуваше Балотели како „негативна личност која нема почит кон никого“, а исто така откри и дека го исшамарал напаѓачот за време на еден репрезентативен собир.
Ваквите зборови на Џорџо секако се најдоа во центарот на вниманието, а контроверзниот Балотели не задоцни да му одговори преку својот Инстаграм профил.
– Ако ништо друго, јас сум доволно искрен да ги кажам работите во лице. Ти имаше толку многу прилики да го направиш тоа од 2013-та година, имаше можност да бидеш вистински маж, но ти не го направи тоа.
– Којзнае што ќе кажеш за своите актуелни соиграчи еден ден, ти чуден капитену….
– Ако ова значи титулата шампион, тогаш претпочитам да не бидам тоа. Никогаш не сум покажал непочитување кон италијанскиот дрес, – порача Балотели.
-
Шпанијапред 15 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Италијапред 18 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
НБАпред 16 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 13 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд