Поврзете се со нас

НБА

Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/bball_ref

Пред неколку денови добивме информација за тоа кои играчи ќе бидат во стартните петорки на Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити кој е закажан за 19 февруари, меч за кој веќе и го дознавме и кошаркарите кои ќе ја имаат улогата на резерви во тимовите предводени од тимовите на Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо.

Одредени стартните петорки за НБА Ол старот (Фото)

Сите тренери во НБА лигата имаа можност да гласаат, па на крајот за резерви се избрани Адебајо (Мајами), Браун (Бостон), Дерозан (Чикаго), Ембид (Филаделфија), Холидеј (Милвоки), Рендл (Њујорк) и Халибартон (Индијана) од Источната конференција, додека од Западот тука се Џорџ (ЛА Клиперс), Александер (Оклахома), Џексон Џуниор, Морант (Мемфис), Марканен (Јута), Сабонис (Сакраменто) и Лилард (Портланд).

Леброн и Јанис на денот на натпреварот ќе имаат можност да бираат, состават тимови со што се очекува битката на ѕвездите да донесе уште поголема возбуда, интерес затоа што досега однапред се знаеше кој во кој состав ќе биде на „Ол-Старот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни