Лига Европа
Рајс со тешки обвинувања за судијата Мансано, може да заработи жестока казна од УЕФА (ВИДЕО)

Екипата на Вест Хем не успеа да пронајде решение за Ајнтрахт Франкфурт и во полуфиналниот реванш во Лига Европа, односно загуби со 1-0 и со вкупни 3-1 ја заврши својата приказна во европските купови во оваа сезона.
Голема беше нервозата во таборот на „чеканите“, тоа го покажа нивниот тренер Дејвид Мојс кој за време на натпреварот нападна или поточно сакаше со топка да го погоди момчето задолжено за собирање на топките.
Момент на лудило: Мојс се исклучи и го нападна детото кое собираше топки (ВИДЕО)
И судијата Хесус Хил Мансано им беше проблем на гостинските играчи особено на англискиот репрезентативе Деклан Рајс кој може скапо да плати за своите зборови испратени до Шпанецот во тунелот кон соблекувалната.
-Судија, судија, многу си лош, беше лош цела вечер. Како можеш да бидеш толку лош? Искрено да не ти платиле. Проклета корупција, -порача Рајс кој не смее ова да го прави без разлика колку да е нервозен, исфрустриран.
Останива да се види дали ова е влезено во записникот на Мансано, ако е така тогаш УЕФА може да му додели жестока казна на играчот за врска.
Declan Rice with a few choice words to the referee in the tunnel last night..
A fine incoming you’d imagine! pic.twitter.com/wTToMjCa2n
— Oddschanger (@Oddschanger) May 6, 2022
-
Шпанијапред 7 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 11 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 10 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 8 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ