Лига Европа
Момент на лудило: Мојс се исклучи и го нападна детото кое собираше топки (ВИДЕО)

Вест Хем го загуби и реваншот против Ајнтрахт Франкфурт, а тоа значеше крај на настапите во Лига Европа, но и крај на надежите дека преку ова натпреварување може да избори пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
„Чеканите“ беа доста нервозни, најголемиот дел од средбата играа со играч помалку по исклучувањето на Арон Кресвел, а во самата завршница поцрвене и менаџерот Дејвид Мојс. Мојс се исклучи во еден момент и се обиде да го нападне детето кое собираше топки.
Стратегот не беше задоволен од реакцијата на момчето, па откако доби топка од него истата ја шутна и малку фалеше убаво да го закачи.
-Морам да се извинам што ја шутнав топката. Детето ја фрли кратко, баш како за волеј за мене. Се извинувам поради тоа. Не го погодив, помина крај него, -истакна Мојс по средбата.
Heartfelt apology here from David Moyes pic.twitter.com/beGzXPsLn8
— Career We Go Podcast (@CareerWeGoPod) May 6, 2022
-
Шпанијапред 7 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 11 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 10 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 8 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ